Вардар одигра 1-1 против Металац во првиот пријателски меч

Вардар одигра 1-1 против Металац во првиот пријателски натпревар на подготовките кои црвено-црните ги одржуваат во Златибор.

Вардарци денеска се сретнаа со српскиот тим Металац од Горњи Милановац и одиграа реми.

Единствениот гол за Вардар го постигна Кристијан Николовски во 38. минута од натпреварот. Тоа беше погодок за водство на македонскиот тим.

Следниот меч за Вардар во Златибор е против Бокељ Котор на 20. јули.