„Вардар“ потврди дека се разделија со Милиќ

Голманот Страхиња Милиќ повеќе не е член на РК „Вардар“ откако спогодбено е раскинат договорот за соработка, потврдија од таборот на „црвено црните“. Причината за заминувањето на српскиот голман е прекумерната тежина, која тој не успеал да ја намали во текот на летниот период. Ова не било прв пат, па пред неколку години Милиќ беш казнет со наамалена плата.  „Вардар“ му понудил договор со помала плата, но Србинот го одбил.

Двете страни се договорија за прекин на соработката која трае веќе седум сезони. Тој е еден од членовите што најдолго се задржа во нашиот тим. Милиќ беше дел од најголемите клупски успеси на Вардар, како освојувањето на европската титула, четирите титули во СЕХА лигата, Пет титули во Македонија, шест трофеи во купот на Македонија и еден трофеј во Супер Купот на Македонија. На Милиќ му посакуваме успех во натамошната кариера, стои во соопштението на „Вардар“.