Вардар прв до финалето во Купот на Македонија

Ракометниот Купот на Македонија ќе добие нов сопственик, откако тимот на Металург, кој беше последен освојувач на ова натпреварување од пред две години, загуби од Вардаер 1961 во првото полуфинале со 27:22  полувреме (14:12).

Во составот на Металург се истакнаа Серафимов и Калуѓеровиќ со по шест гола, а кај Вардар 1961 најефикасни беа Чупиќ со седум и Јотиќ со шест погодоци. Одлични беа и двајцата голмани  на двата тима Борко Ристовски и Даниле Дупјачанец кои запишаа по 13 интервенции.

Второто полуфинале же биде помеѓу  Бутел Скопје и Еурофарм Пелистер се игра вечерва од 19:00 часот.