Вардар ремизираше со Хамбург, Комитите не влегоа во СЦ „Борис Трајковски”

Ракометарите на македонскиот шампион Вардар, одиграа без победник во првиот осминафинален натпревар во Лигата на шампионите, против европскиот шампион Хамбург – 28:28 (14:16).

Вардар одигра лош прво полувреме во кое му дозволи целосна доминација на гостинот. Хамбург го контролираше резултатот, а на полувремето успеа да замине со предност од два голови.

Во вториот дел избраниците на тренерот Раул Гонзалез Гутиерез, одиграа многу подобро , прво успеаја да израмнат (16:16), а потоа имаа уште три шанси за да поведат, но не ги искористија. Хамбург повторно се одлепи на три голови 23:26, но не и да победи.

„Натпреварот не го започнавме како што посакувавме, нашата одбрана не функционираше како што работевме на тренинзите и примавме лесни голови. Исто така имавме проблеми и во нападот каде што не можевме да ја пробиеме нивната гранитна одбрана, а тоа на ним им овозможи да постигнат лесни погодоци од контра напади. Знаевме дека ќе биде многу тешко, бидејќи тие се актуелни шампиони и играат еден навистина одличен ракомет. За да оствариш победа против нив треба да одиграш натпревар без грешка од првата до последната минута, не одигравме онака како што планиравме, но сепак сум задоволен од борбеноста на моите играчи кои на крајот го заслужија ова реми”, изјави Гонзалез

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.