Вардар се излеа во Велес

Управата за хидрометеоролошки работи информира дека нивото на Вардар во централното подрачје на град Велес е покачено за половина метар.

-На левата страна има излевање во близина на коритото, но нема поплавено објекти и нема загрозено објекти од ударниот бран, кој веќе го намалува интензитетот. На десната страна од Вардар е далеку од куќите, објави Центарот за управување со кризи.

По контактите остварени со ТППЕ Велес и ЈКП Дервен Велес истите известуваат дека нема јавување од граѓани за загрозени и поплавени објекти од реката Вардар.