Вардар се спаси против Нексе, по деветти пат на финалниот турнир на СЕХА лигата

Ракометарите на европскиот шампион Вардар во саботата во Скопје во финишот на натпреварот со хрватскиот претставник Нексе успеаја да се изборат за минимален пораз, но поради повеќето голови постигнати на гостинскиот терен, по рекорден деветти пласман за „црвено-црните“ се најдоа на завршницата од СЕХА лигата.

Вардар и со пораз од 25:26 од Нексе во реваншот кој се одигра во празната сала од „Јане Сандански, но сепак успеа да обезбеди пласман на завршниот турнир од СЕХА лигата. За актуелниот бранител на трофејот ова е рекорден деветти пласман на Ф4-завршницата во исто толку сезони.

Избраниците на Алушовски со големи маки го одбранија резултатот од 31-30 од првата средба, а беа на прагот од елиминација во последните пет минути од средбата кога паднаа во негатива од четири гола.

Силите беа израмнети на полувреме со 13: 13, а во финишот Вардарци ја надополни негативата од „минуст 4“.

Дисингер и Чупиќ со по пет погодоци беа најефикасни кај Вардар, Јагањац со осум гола се истакна на другата страна.

Вардар во полуфиналето ќе се сретне со ППД Загреб, на турнирот кој оваа година ќе се одржи во Задар.