Вардар се зацврсти на врвот

фото: www.fkvardar.mk

Фудбалерите на Вардар го искористија саботното реми на Академија Пандев против Работнички (1:1) и со сигурната победа од 2:0 во неделата над Ренова да ја зголеми преднсота на врвот на табелата,

Даниел Аврамовски го отвори резултатот со погодок во 20 минута. Вардар имаше неколку убави шанси пред време да го реши прашањето за победникот, но тоа се случи дури во 8 . минута кога Попзлатанов од близина даде ја погоди празната мреќа за конечните 2;0.

Шкендија со 4:0 беше убедлива против Борец и скона на третото место на табелата. Хет-трик постигна Алими, еден гол беше дело на Бесарт Ибраими.

Силекс со гол на Благојевиќ во 30  минута ја победи Македонија во Ѓорче Петров.

Немаше голови на мечот меѓу Шкупи и Струга Трим Лум.

 

Табела:

1. Вардар 30

2. Академија Пандев 25

3. Шкендија 18

4. Шкупи 18

5. Силекс 18

6. Македонија ЃП 17

7. Струга ТЛ 15

8. Ренова 14

9. Борец 14

10. Работнички 11

Фото: ФК Вардар