Вардар со победа над Македонија ЃП го отвори пролетниот дел

Фудбалерите на Вардар победнички го започна пролетниот дел од сезоната, со победата над Македонија ЃП во денешното 19-то коло од Првата лига.

Ова воедно беше и првиот триумф на Вардар над „лавовите“ сезонава, откако во есенскиот дел од сезоната еднаш одиграа нерешено и еднаш загубија.

Во првиот дел Жуниор Леовигалдо погоди десетина метри, откако одлично по левата страна се проби Матеј Цветаноски, и асистираше до стрелецот на голот.

Вардар дојде до 2:0 во 50 минута кога Ибиши ја искористи грешката во гостинската одбрана, и го совлада Јовановски. Девет минути подоцна. Мицевски го проигра Цветаноски кој излезе сам пред голот, и рутинирано погоди во мрежата на противникот за 3:0.

Македонија ЃП успеа да го намали резултатот преку Паду во 67 минута откако даде гол по индивидуална акција од десната страна.

Вардар следното коло гостува во Велес кај тимот на Борец.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.