Вардар со победа над Металург тргна во одбрана на титулата во СЕХА лигата

Фото: seha-liga.com

Ракометарите на Вардар славеа против Металург со со 32:23 во македонското дерби на стартот од регионалната СЕХА лига, иако во првиот официјален натпревар во новата сезона, настапија ослабени без повредените Лука Циндриќ и Рожерио Мораеш

Отсуството на неколку важни играчи не претставуваше пречка за актуелниот европски шампион да доминира на теренот во Спортскиот центар „Борис Трајковски“.

Металург, пак, настапи со шест нови играчи во составот во однос на минатата сезона, но започна агресивно во дуелот со градскиот рувал. Со голот на капитенот Филип Кузмановски „металурзите“ дојдоа до почетното водство, но „црвено-црните“ брзо влегоа во ритам и воспоставија целосна контрола на играта и на резултатот. Трите гола во серија му донесоа предност на Вардар од 6:3, а многу брзо следуваше серијата од пет голови за „црвено-црните“. Серијата од седум минути без гол на Металург придонесе Вардар до крајот на полувремето да игра лежерно и рутински да го добие со 16:11.

Давата гола и двете врзани одбрано на Дарко Арсиќ за кусо ја вратија самодовербата во редовите на Металург на почетокот од второто полувреме. Но, исто како и во првото полувреме, Вардар потоа влезе во ритам, постигна три гола во серија и дојде на позитива од шест голови разлика (19:13).

Следуваше период со многу грешки на двете страни, во кој Металург подобро се снајде и повторно намали на три гола разлика. По овој период и одржување на разликата бо полза на Вардар која можеше да се лови (21:18), Стефан Дрогришки Дрогришки направи груб фаул во обид да го сопре Игрор Карачиќ и заработи директен црвен картон. Вардарци максимално ја искористија предноста со играч повеќе и двапати поентираа на празниот гол на Металург.

 

Во последните минути од натпреварот кога победникот беше веќе решен, Лино Червар им даде шанса на најмладите играчи во составот. На спротиванта страна, Раул Гонзалес го внесе во игра Даниел Ѓорѓевски кој успешно го замени Страхиња Милиќ на голот на „црвено-црните“ запишувајќи четири одбрани во последните десетина минути од натпреварот.

Најефикасни во Вардар беа Тимур Дибиров со пет и Хорхе Македа и Вуко Борозан со по четири гола, а кај Металург најпрецизен беше Жарко Пешевски со максимални пет олови од пет обиди.

Во следното коло во СЕХА лигата, Вардар на 5-ти септември го пречекува словенечкиот претставник Горење, а Металург на 6-ти септември му гостува на српски Динамо Панчево.

 

https://www.youtube.com/watch?v=9Ob0QUZh2ok