Вардар со поддршката на „Комитите“ ги започна подготовките за враќање во Првата лига

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар денеска ги почнаподготовките за новата домашна сезона во која за прв пат во клупската историја ќе се натпреварува во Втората лига.

Со неколкумина „староседелци“ во тимот и 12 засилувања предводени од новиот тренер Горан Симов, „црвено – црните“ го одржаа првиот официјален тренинг на Националната арена „Тодор Проески“ бодрени од својата навивачка група „Комити“.

Благодарност до нашите најверни навивачи, кои и покрај неповолните временски услови дојдоа да ни дадат поддршка и ни овозможија да го почувствуваме амбиентот кој само тие знаат да го направат. Атмосфера, која недостига на фудбалските борилишта и која многу ќе ни значи во остварувањето на нашите зацртани цели за експресно враќање во Првата лига, соопшти вечерва Вардар.