Вардар во Келн со три француски екипи

На завршниот турнир на годинешнава ракометна Лига на шампионите, кој ќе се одржи на 26-ти и 27-ми мај во германски Келн, покрај бранителот на титула скопска Вардар се пласираат и три француски клуба – Пари Сен Жермен, Нант и Монпелје.

Македонскиот првак се пласираше на турнирот на четирите најдобри екипи на континентот, иако беше поразен во Скопје од германски Кил со 27:28. Меѓутоа, Вардар во првиот дуел на гостински терен славеше со 29:28, па се пласираше поради гол повеќе постигнат на гости.

Нант, за кој настапува капитенот на македонската селекција Кирил Лазаров, со убедливи 29:17 во реваншот на свој терен го декласираше германски Фленсбург, откако првиот дуел заврши без победник 28:28.

ПСЖ пласманот на завршниот турнир го избори уште во саботата. По 34:29 во првиот натпревар во Киелц, славеше и во реваншот свој терен со 35:32.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.