Вардар врза две победи, попладнево поуспешен од Академија Пандев

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар попладнево во Скопје го совлада тимот на Академија Пандев со 2:0. За „црвено-црните“ ова е втора победа во низа, првпат сезонава.

Струмичани го запишаа деветтиот пораз, а можеа да го избегнат, бидејќи имаа пенал при 1:0, но не го реализира Стоилов, а потоа остнаа со фудбалер помалку (Димовски доби втор жолт картон), и примија втор гол.

Стрелци на погодоците беа Цветаноски и Петковски.

Вардар по 13 натпревари има 19 бода, з аво моментов 6. место, додека Академија Пандев остана на 10 бода за 10. место.

Другите натпревари од 13. коло во Првата македонска фудбалска лига се играат утре.

Струга – Шкендија
Македонија – ЃП
Беласица – Работнички
Пелистер – Силекс
Ренова – Борец. зс/

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.