Вардар загуби од Војводина во СЕХА лигата,но си отвори пат за ново финале

Македонскиот претставник во СЕХА лигата Вардар загуби на гостувањето кај Војводина со 33-24  во последното коло до групната фаза со што во полуфиналето на  завршниот фајнал – фор ќе игра против хрватскиот ПДП Загреб.
Црвено-црните со овој пораз, ја избегнаа полуфиналната пресметка со фаворитот Веспрем со кој доколку го минат Загреб можат да играат во полуфиналето се разбира доколку претходно во осминафиналето ја совладаат Металопластика.
Вардар  во Нови Сад замина со подмладен состав што  ракометарите на Војводина го искористија за да го совладаат  фаворитот по цели 6 години.
Што се однесува до средбата таа започна доста рамноправно  а како што течеше времето домашните  заиграа подобро и предводени од Томиќ  и Раденовиќ  направија серија од 7-1 и ја најавија историската победа за својот тим.
Кај Вардар Дибиров повторно одигра одличен меч и постигна 9 погодоци два повеќе од Калараш.  Кај Војводина прв стрелец беше Томиќ со 7 погодоци додека прекрасен ден имаше голманот Арсениќ со 18 одбрани.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.