Вардарци стартуваат на гости кај Елверум, Кил доаѓа во Скопје во октомври

Македонскиот ракометен шампион Вардар 1961 по денешната жрепка го дознаа и распоредот на натревари во групната фаза во Лигата на шампионите.

„Црвено-црните“ се наоѓаат во групата А заедно со уште Кил, Пик Сегед, Алборг, Мешков Брест, Елверум, Монпелје и ППД Загреб, а првиот натпревар во новата сезона ќе го игреаат на 15 или 16 септември на гости кај Елверум. Најголемиот фаворит за првото место во групата, германскиот Кил во рамки на шестото коло ќе гостува во Скопје, а наптрвеарот треба да се игра кон крајот на октомври.
Сепак за Вардар 1961 сигурно да биде дел од новото издание на ЛШ ќе мора да плати депозит од милион евра.

Распоред на натпревари:
1 коло: Елверум – Вардар, 15/16.09
2 коло: Вардар – Мешков Брест, 22/23.09
3 коло: ППД Загреб – Вардар, 29/30.09
4 коло: Вардар – Монпелје, 13/14.10
5 коло: Алборг – Вардар, 20/21.10
6 коло: Вардар – Кил, 27/28.10
7 коло: ПИК Сегед – Вардар, 17/18.11
8 коло: Вардар – ПИК Сегед, 24/25.11
9 коло: Кил – Вардар, 01/02.12
10 коло: Вардар – Алборг, 08/09.12
11 коло: Монпелје – Вардар, 16/17.02
12 коло: Вардар – ППД Загреб, 23/24.02
13 коло: Мешков Брест – Вардар, 02/03.03
14 коло: Вардар – Елверум, 09/10.03