Вардарки кај Мец го доживеаја првиот пораз сезонава

По серијата од девет натпревари без пораз ракометарките на ЖРК Вардар првпат сезоната во едно од натпреварувањета во кои настапуваат беа поразени во неделата со 22:24 (10:10) на гостувањето на францускиот претставник Мец во рамките на втората фаза од Лигата на шампионките.

Клучен фактор за првиот пораз сезонава на „вардарки“ беше слабата игра во одбрана и слабата реализација во нападот, за што сепак пресудно беше максимална концентрација на ракометарките на Мец во текот на целиот натпревар.

Вардар добро велзе во натпреварот и веќе на самиот почеток имаше водство од 4:1, но домаќинките успеаја да израмнат на 6:6 и 7:7 по што повторно следуваше период на добра игра на Вардар и одново имаше два гола предност од 9:7. Следуваше тајмаут за Мец, по што неговите ракометарки влегоа поангажирано во дуелот а гостинките праве многу грешки, вклучително и неколку „зицери“ по што домашните поведоа со 10:9. Во овој период Лакрабер промаши и пенал, а домашните го искористија и исклучувањето на Цвијиќ и постигнаа два гола со играч повеќе. Вардар израмни на 10:10 но потоа пропушти неколки прилики на полуивреме да замине со предност.

Вториот дел во најголем дел се играше рамноправно, гол за гол и дури во 50 минута првпат Вардар оствари предност од два гола (20:18). Во тој момент се чинеше дека европскиот вицешампион најде начин да го неутрализира противникот, но наместо зголемување на предноста на три гола, неговите ракометарки направија техничка грешка во нападот, и тоа како да беше мотив за Мец. Домашните направија серија од 4:0, и го преземаа водстото (22:20). Во самата завршница Вардар намали на 22:23, но сепак не успеае да се одбраниме и домашните го зададоа конечниот удар (24:22).

Победата на Мец му ја донесе несомнено голманката Рајчиќ која забележа 19 одбрани, додека Лејно на спротивната страна одбрани 10 удари. Најефикасна во составот на Вардар беше Лекиќ со пет голови, по три имаа Пенезиќ, Лазовиќ, Радичевиќ и Лакрабер.

Вардар ќе игра во четврт-финалето на лигата на шампионите без оглед на поразот на гостувањето кај Мец, бидејќи е малку веројатно дека во последните две кола, против Битигхајн на домашен терен и на гости кај Будуќност нема да оствари баре една победа за да влеземе во осминафиналето како првопласирани од групата. Во следното коло на 2-ри март во Скопје доаѓа Битигхајм.