Вардарки пресилни за Ген Загорје

Ракометарките на ЖРК Вардар СЦБТ остварија убедлив триумф во рамките на Регионалната лига, победувајќи го словенечкиот тим Ген – Загорје со 35:27. Избраничките на Индира Кастратовиќ уште на полувремето обезбедија осум гола предност (21:13), која немаа проблеми да ја сочуваат до крајот.

Најефикасна во редовите на ЖРК Вардар СЦБТ беше Јованка Радичевиќ со шест погодоци, додека Љубаш од Загорје беше стрелец на осум гола.

Овие две екипи утре ќе одиграат уште еден натпревар во рамките на ова натпреварување.