Вархеји: ЕУ е под опасност од масовна миграција од Западен Балкан

врокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, предупреди дека граѓаните на Западен Балкан може да ја предизвикаат следната мигрантска криза доколку Европа дозволи да пропаднат ветувањата за проширување и ја повика ЕУ да ја засили соработката со земјите од Западен Балкан за миграција.

Во интервју за „Маѓар Немзет“, Вархеји посочи дека авганистанската криза покажала „колку се сериозни последиците ако нема цврстина и конзистентност во геополитичките одлуки“.

-Мора да ги исполниме ветувањата за Западен Балкан. За мене, тоа е една од најважните лекции за ситуацијата во Авганистан. Ајде да замислиме што ќе се случи ако процесот на пристапување на нашите партнери од Западен Балкан уште повеќе да се пролонгира и, од некоја геополитичка причина, она ​​што го ветивме не се случи на крајот – изјави Вархеји.

Тој додаде дека „географски, Западен Балкан е многу поблиску до Европа отколку Авганистан“, што значи дека „интеграцијата на тој регион мора да биде европски приоритет“.

Говорејќи за самитот ЕУ-Западен Балкан закажан за октомври, комесарот вели дека со нетрпение очекува да види кои делови од европските економски развојни планови на регионот може да бидат спроведени.

-Целта е да се поддржи долгорочна стабилност и мир во регионот – додаде тој.

Во врска со пристапувањето на Албанија и  Македонија во ЕУ, Вархеји вели дека двете земји ги исполнуваат критериумите за почеток на пристапните преговори.

Во интервјуто, Вархеји повикува и на „нов вид на партнерство“ помеѓу ЕУ и Турција, како во економската соработка, така и во врска со заедничкото решавање на мигрантското прашање.