Вархеји: Имав одличен разговор со Александар Вучиќ

Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји изјави дека утрово имал „одличен состанок“ со претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Тој на Твитер наведе дека Вучиќ го „информирал за неговите важни состаноци и договори“ што беа потпишани во петокот во Белата куќа во Вашингтон. Притоа додаде дека разговарале и за натамошната работа на Европската Унија (ЕУ), Србија и Косово врз основа на договорот од САД.

Вархеји го поздрави и денешниот состанок меѓу Србија и Косово за нормализација на односите под покровителство на ЕУ. Со слична порака на Твитер се огласи и Вучиќ кој напиша дека имал „многу добар состанок со еврокомесарот“.

– Големо благодарам на комесарот за соседска политика и проширување Оливер Вархеји за значајната поддршка што ЕУ ја дава преку економски, политички и вредносен придонес за напредокот на Србија. Особено фала на комесарот што не му е тешко да ги слушне и сослуша претставниците на Србија, без разлика колку некому тоа чудно звучи“, наведе Вучиќ.

Вучиќ и косовскиот премиер Авдула Хоти во петокот во Вашингтон се обврза на нормализација на економските односи. Двајцата, во присуство на претседателот Доналд Трамп, потпишаа свој примерок на документот наречен „Економска нормализација со разлика само во последната од 16. точки.