Вархеји верува дека годинава и БиХ ќе добие кандидатски статус за членство во ЕУ

Еврокомесарот за проширување на Европската унија, Оливер Вархеји потврди во четвртокот дека во декември Босна и Херцеговина би можела да добие кандидатски статус за членство во блокот од 27 земји, како што претходно со прескокнување на процеурите и процесите го добија Украина, Молдавија и Грузија.

„Доколку има една позитивна последица на војната на Русија против Украина, тоа е, дека проширувањето на ЕУ е долгорочно решение за воспоставување мир, безбедност и просперитет. Во таа смисла, проширувањето сега е врвен приоритет, не само на нашите соседи, туку и на нас“, рече Вархеји.

Додаде изјавата на прес-конференција во Барселона, каде што се одржува форум на Унијата за Медитеранот.

„Ги удвоивме напорите, внатре во Европската комисија, со цел да ставиме на маса предлози за проширување. Оваа година веќе им дадовме кандидатски статус на три земји. Украина, Молдавија и на Грузија. Верувам дека оваа година ќе имаме уште една позитивна одлука за Босна и Херцеговина“, додаде Вархеји.

Како што истакна, со тоа „му даваме нов живот на проширувањето“.

„Но, се разбира, проширувањето е тежок процес. Сега земјите кандидати прво ќе треба да ги исполнат нивните задачи,“ посочи Вархеји.

Последната земја што стана членка на ЕУ, беше Хрватска во 2013 година.