На крајот од денешната заедничката литургија меѓу Вселенскиот патријарх Вартоломеј и Архиепископот г.г. Стефан во Фанар, Истанбул, патријархот одржа своја беседа на грчки јазик.
-Веруваме дека овој настан значи потполно разбирање од ваша страна за големината на дарот на Мајката црква кон Вашиот народ, но и за одговорноста која ја понесувате, влегувајќи од денес во сеправославниот свет. Огноосветлени од благодатта на утешителот, го молиме, го умолуваме и просиме од животворниот Свет дух, обновителниот и сесилниот, слаткиот и кој ги лекува раните, кој ги надополнува човечките недостатоци, кој ги испитува нашите срца – да ве утврди во вистината, да ве умножи во верата, да ве умудрува во борбата за црквата, та и ние, вашиот заеднички отец и застапник, првиот и последниот помеѓу епископите на источната света Христова црква, да можеме духовно да се радуваме за вас и за Вашите дела; та во нив да се прослави сечесното и великолепно име на Отецот и Синот и Светиот дух, постојано, сега и секогаш и во вечни векови.