Вартоломеј ја призна автокефалноста на Украинската православна црква

Цариградската патријаршија се согласи да ја признае независноста на Украинската православна црква, поради што Руската православна црква нјави дека ќе ги прекине односите со Петријаршијата.
Ваквиот потег веднаш го поздрави украинскиот претседател Петро Порошенко, според кого ова е падот на „Третиот Рим“.

Состанокот на Синодот со кој претседава патријархот Вартоломеј, кој се смета за лидер на светската православна заедница, или ,,прв меѓу еднаквите” на православните свештеници, одлучи да продолжи доделувањето автокефалност на Црквата на Украина“, се вели во соопштението на Патријаршијата со седиште во Истанбул.

Од Цариградската Петријаршија рекоа дека е укината одлуката од 1686. година, според која Киевската митрополија е предадена на Московската патријаршија. Киевската Патријаршија се отцепи од Москва во 1992 година по падот на Советскиот Сојуз.

Според Порошенко, прашањето за независноста е прашање на украинската безбедност и државност, но и на светската геополитика.

Одлуката за доделување автокефалност на Украинската православна црква е направена. Ова е победа на доброто над злото, светло над темнината. Украина го чека овој „историски настан“ повеќе од 330 години, рече Порошенко во телевизиско обраќање.

Во меѓувреме, Руската православна црква ја повтори својата закана дека ќе ги прекине врските со Вартоломеј
ако даде автономија на Украинската православна црква.

Портпаролот на патријархот Кирил вели дека Руската православна црква ,,ќе мора да ги прекине односите
со Константинопол” по одлуката.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.