Варвициотис ја информирал Сакеларопулу за претстојното грчко претседателство со Советот на Европа

Алтернативниот шеф на грчката дипломатија, Милтиадис Варвициотис, претпладнево ја информираше претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу за агендата на претстојното претседателство на Грција со Советот на Европа, во чиј фокус ќе биде заштитата на човековите права во време на пандемија, како справување со последиците од Ковид-19, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што соопштија од кабинетот на грчката претседателка, Сакеларопулу изразила увереност дека успешно ќе бидат постигнати целите на грчкото претседателство.

Варвициотис пак, преку социјалните мрежи, по средбата изрази надеж дека и грчката претседателка ќе придонесе во успешноста на претседателството.

Од 15 мај 2020 година, Грција го презема шестмесечното претседателство со Советот на Европа.