Вашингтон го осуди најновото тестирање ракета на Северна Кореја

САД денеска го осудија истрелувањето на нова балистичка ракета од страна на Северна Кореја, соопшти Стејт департментот.

Неименуван портпарол на Стејт департментот изјави дека Пјонгјанг ги прекршил резолуциите на Советот за безбедност на ОН и дека ракетниот тест претставува закана за соседните земји и меѓународната заедница, пренесуваат британските медиуми.

Шефовите на здружениот Генералштаб на армијата на Јужна Кореја соопштија дека утринава, во 7.27 часот по локално време, Пјонгјанг истрелал проектил во Јапонското Море и се верува дека станува збор за балистичка ракета.

Канцеларијата за државна безбедност на Јужна Кореја, исто така, го осуди истрелувањето на проектилот.