Вашингтон отфрла секакво решениe со две држави за Кипар

254

Соединетите држави отфрлаат секакво решение за Кипар коешто би вклучувало постоење две држави на медитеранскиот остров, што овие денови го предложи турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, изјави третата личност на американската дипломатија Викторија Нуланд.

„Да, апсолутно. Мислиме дека само процес кој би го воделе Кипраните, двете зони и двете заедници, може да донесе мир и стабилност на Кипар, изјави американската потсекретарка за политички прашања во текот на парламентарното сослушување за тоа дали администрацијата на претседатело ја отфрла таквата опција.

Во вторникот во текот на посетата на северниот, турски дел на Кипар, турскиот пшреседател Ердоган го повтори ставот кој првпат го промовираше во февруари годинава дека „никаков напредок во преговорите не може да се оствари доколку не се прифати дека постојат два народа и две држави“ на островот.

Островот е поделен меѓу Република Кипар, населена со Грци и членка на Европската унија која ја го владее јужниот дел на островот, и самопрогласената Турска Република Северен Кипар, прогласена во 1983 година, којашто е единствено признаена од Турција.

Турција на северот од Кипар распореди десетици илјади војници по инвазијата од 1974 година, по дражавниот удар на грчката воена хунта којашто тогаш беше на власт во Атина.

Ердоган , исто така, прогласи продолжување на повторното отворање на Варошa, фантомскиот град симболот на поделбата на Кипар.

Преговорите за судбината на островот се во застој од 2017 година. Во април годинава со несупех заврши обидот за повторно започнување на разговорите под покровителство на Обединетите нации, кои ја надгледуваат тампон зоната меѓу двата дела на островот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.