„Вашингтон пост“ известува зa протестот на ВМРО-ДПМНЕ, опозицијата бара избори

Илјадници приврзаници на најголемата опозициска партија во Македонија се собраа во саботата вечерта во центарот на главниот град Скопје за да извршат притисок врз левичарската влада да распише избори на две години пред крајот на нејзиниот мандат, пишува реномираниот Вашингтон пост.

Десничарската партија ВМРО-ДПМНЕ ја обвини Влада предводена од СДСМ за уништување на економијата, за лошото јавно здравство како и за лошото обрзование.

-Владата е причина за сите наши несреќи и национални разочарувања. Ова е глас против неправдата и лошите услови за живот. Мора да има промена, рече на собирот лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски пишува Вашингтон пост.

Инфлацијата во оваа мала балканска земја со 1.8 милиони жители го достигна најголемото ниво од 11,9% во последните 14 години. Синдикатите вршат притисок за зголемување на платите за 10%, бидејќи месечните со примања од 480 евра неможат да се покријат основните потреби, затоа што од почетокот на војната во Украина цените на храната и енергенсите се зголемија за 30 до 50%.

Владејачките социјалдемократи одговорија дека се против предвремени избори и ја обвинија ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер дека протестираат исклучиво за „лични и партиски интереси“.

Од владејачката СДСМ велат декасе против предвремени избори и ја обвинија ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер дека протестираат исклучиво за „лични и партиски интереси“.

„Наместо да биде конструктивен и кооперативен, Мицкоски го злоупотребува секој важен процес во обид да оствари мал политички профит“, се вели во соопштението на СДСМ.

Мицкоски истакна дека Владата не е способна да го запре секојдневниот раст на трошоците за живот и да се справи со длабоката корупција.

Мицкоски, исто така, ја предупреди Владата дека неговата партија „нема да прифати каков било понижувачки договор што е штетен за национални интереси“, пишува Вашингтон пост.