Вашингтон Пост: НСА била овластена да „ја пресретнува комуникацијата“

Американската национална агенција за безбедност (НСА), судејќи по најдоверливите документи, била овластена да „ја пресретнува комуникацијата“ ширум Планетата,освен во четири држави, пишува Вашингтон Пост.

САД веќе долго имаат општи договори против шпионирање со четири држави – Велика Британија, Канада, Австралија и Нов Зеланд. Сепак тајниот правен акт од 2010 година и други документи укажуваат дека НСА добила многу поголеми „еластични овластувања“ отколку што било познато, а кои овозможувале да се прислушкуваат американските компании, не само нивната комуникација во странство, туку било која комуникација, исто така  – објавил Вашингтон Пост.

Угледниот весник наведува дека 193 држави ширум светот се од „оправдан интерес за американската тајна служба“, но дека активностите на НСА не биле нужно применети во сите земји, иако Агенцијата имала овстастувања да го направи тоа.

Истиот документ дал овластување на НСА да „собира податоци“ од меѓународни институции како Светска Банка, ММФ, Европската Унија и Меѓународната агенција за атомска енергија.

Администрацијата на претседателот Барак Обама инсистирала дека НСА „треба да има средства“ да може да ги осуети терористичките напади не само на САД туку и на нејзините сојузници.

За своите активности НСА добила овластување од Судот за надзор на странски разузнавачки агенции, кое било вклучено во сет доверливи документи кој ги обелодени службеникот на агенцијата Едвард Сноуден.

Вашингтон пост потсеќа дека на Сноуден му е одобрен привремен азил во Русија минатиот август, бидејќи сериозно го раздрмал американскиот рзузнавачки естаблишмент со објавувањето на информации во британските медиуми за масовната примена на тајниот надзор (прислушкување) внатре во САД , но и ширум светот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.