Вашингтон вели дека разговорите со талибаните биле „отворени и професионални“

Соединетите држави во неделата објавија дека првата директна средба меѓу високите американски и талибански функционери откако радикалното движење во средината на август ја презема власта во Авганиста, биле „отворени и професионални“, како и дека американската страна повторила дека за талибаните ќе се суди според постапките а не според зборовите.

Портпаролот на американскиот Стејт департмент, Нед Прајс, изјави дека американската делегација во разговорите во текот на викендот во катарска Доха, била насочена кон прашањата од сферата безбедносната и тероризмот, сигурното излегување за државјаните на САД, другите странски државјани и Авганистанците, како и на човековите права, вклучително и значителното учество на жените и девојките во сите апсекти на авганистанското општество.

Прајс рече и дека двете страни разговарале и за „пружање силна хуманитарна помор од САД директно за авганистанскиот народ“.

„Разговоите беа отворени и професионални, а американската делегација повтори дека за талибаните ќе се суди според нивните постапки, а не само според зборовите“, наведува Прајс во писмента изјава за јавноста, но не кажува дали е постигнат некаков договор.

Во саботата катарската телевизија Al Jazeera го цитираше привремениот министер за надворешни работи на Авганистан дека талибанските претставници побарале од американската страна да ја укине блокадата за девизните резерви на авганистанската централна банка, Беше известено дека министерот Амир Кан Мутаки, исто така, рекол дека Вашингтон ќе понуди вакцини против коронавирусот, како и дека двете страни разговарале за „отворање нова страница“ во односите меѓу двете земји.

Функционери од администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден во петокот за Reuters рекоа дека американската делегација ќе изврши притисок врз талибаните да го ослободат грабнатиот Американец Мерк Фрериш. Втор главен приоритет би бил талибаните да не дозволат Авганистан повторно да стане засолниште на Ал Каеда или други екстремистички и терористички групации.

Американски функционери рекоа во неделата дека средбата во текот на викендот претставува продолжување на „прагматичниот ангажман“ со талибаните, а „не во врска со признавање или давање легимитет“ на движењето.

Американските власти велат дека се во контакт со десетици Американци и странци кои сакаат да го напуштат Авганистан, а во земјата сѐ уште има илјдници Авганистанци кои работеле изминатите две децении работиле за САД кои страуваат од прогонот на талибаните.

Вашингтон и другите западни земји се борат со тешкиот избор, бидејќи на Авгаснистан му се заканува сериозна хуманитарна криза. Се прават обиди да се осмисли формата на соработката со талибаните чиј претходен режим беше соборен со инвазијата во 2001 година, а да не им се даде меѓународниот легимитет кој го бараат, истовремено осигурувајќи го протоко на хуманитарната помош во земјата.