Соединетите држави, Јужна Кореја и Јапонија воспоставуваат поцврста соработка во сферата на безбедноста на првиот таков состанок на врвот во петокот во близина на Вашингтон од кој на Кина и на Северна Кореја ќе им испратат порака на единство.
Јуќнокорејската новинска агенција Yonhap пишува дека Северна Кореја би можела да истрела балистичка ракета во текот на состанокот, со цел да ги потсети на себеси тројцата челници.
Американскиот претседател Џо Бајден реши да ги прими јапонскиот премиер Фумио Кишида и јужнокорејскиот претседател Јоун Сук-јеол во базта Кемп Дејвид, летната резиденција на американските претседатели, чиешто име асоцира на блискоисточните мировни преговори.
„Тоа на симболичен начин ја покажува важноста којашто ја придаваме на овој голем настан“, коментираше во средата Курт Кемпбел, главен советник на американскиот претседател за Азија, на тркалезната маса којашто ја организираше истражувачкиот институт Брукингс.
Додаде дека на самитот, прв во овој формат по повеќето средби на тројцата челници на маргините на големите меѓународни собири, и требало да објават две информации.
Прво – САД, Јапонија и Јужна Кореја ќе се обврзат дека ваков состанок ќе се одржува секоја година. Второ – трите земји ќе воспостават „итен комуникациски канал меѓу претседателите на државите и валдите, како и другите функционери од нивните администрации“.
Тоа би бил своевиден „црвен телефон со три слушалки“, во регионот во кој американските сојузници тврдат дека живеат под заканата од севернокорејската нуклеарна програма и стравуваат од кинеска инвазија врз Тајван.
„Го направивме токму она што Кина најмалку го посакуваѓше“, изјави американскиот амбасадор во Јапонија, Рахм Емауел на споменатиот форум во средата.