Васил Хаџиманов за погребот на татко му: Ќе го испратиме со песна и насмевка

Васил Хаџиманов, син на Зафир Хаџиманов објави на Фејсбук дека погребот на неговиот татко ќе биде во среда, 7 април на Новите гробишта во Белград.

Испраќањето на мојот татко Зафир ќе се изврши на 7 април на Новите гробишта, во кругот на најблиското семејество и пријатели. Урната ќе биде положена во Алејата на заслужни граѓани, напиша тој и додаде:

Кога ќе помине оваа грозна пандемија, ќе направиме испраќање, какво што доликува и какво што Зафир заслужи. Ќе го испратиме со песна и насмевка. Токму така како што тој би сакал и како што живееше целиот свој живот. Ви благодарам од се срце на многубројните пораки на поддршка и разбирање – напиша на крајот Васил.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.