Василевска: Царовска го менува образовниот систем за да се исполнат желбите на други држави, што е ветено од Заев

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Иванка Василевска, во вечерашното издание на дебатната емисија „Јади Бурек“ на ТВ Сонце зборуваше за историските прашања во однос на спорот со Република Бугарија, лошите владини политики, како и за моменталните политички случувања во државата.

Василевска е децидна и стои на ставот дека оваа владина гарнитура предводена од Зоран Заев и СДСМ е најрасипничката владина гарнитура што некогаш ја водела Република Македонија, поради тоа што е единствената група политичари која се нафатила да преговара и да се пазари со соседните земји за работи за кои ниту една Влада досега не се согласила.

Според Василевска, историјата и историските факти се онакви какви што се запишани. Тие не се варијабилни податоци кои би можеле дополнително да се надградуваат или намалуваат, туку се точни и концизни и точно се знае кој херој во која доба живеел, творел и се борел за Република Македонија.

-Тоа се податоци коишто се изучувани во училиштата со години и векови наназад, генерации зад нас учеле една и единствена историја, а не некоја нова измислена. Не е коректно, емпатично, ниту пак нормално да посегнете по изменувањето на образовниот систем во земјата, бришејќи го предметот историја од образовните програми, со што ќе се создаде ново гледиште за историјата, односно ќе ја измени вистинската историја на Република Македонија и ќе се создаде нова перцепција во однос на македонската историја.

Многу е лошо кога некое дете коешто од своите родители или баба и дедо учело нешто што сите сме го учеле, сега да се соочи со некои нови податоци коишто ниту се реални, ниту пак нормални за прифаќање – вели Василевска.

Според Василевска, измените во образовниот систем не се поради тоа што министерката Царовска или, пак, Заев сака да го подобри образованието во државата, туку за да се додворат на туѓи политичари за потоа да можат на сметка на тоа да бараат сопствени материјални добивки врз грбот на граѓаните.