Василевска: Пописот нема да биде реален, туку политички

43

Иванка Василевска, пратеник во Собранието од ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата „24 Анализа“ зборуваше за пописот каде посочи дека ВМРО-ДПМНЕ смета дека ова нема да претставува попис на резидентното население, не е реален статистички попис, туку е политички договор помеѓу Заев и Али Ахмети односно треба да донесе бенефит помеѓу коалиционите партнери.

-За неполни осум дена ние како ВМРО-ДПМНЕ добивме поддршка од над 10.000 граѓани кои со име и презиме застанаа зад нашиот предлог за поништување на ова законско решение за спроведување на некаков си попис. Всушност тоа го говоревме и во изминатиот период, ставот е ист, ова не е попис на резидентно население, ова не е реален статистички попис кој треба да ни донесе проекција за следните 10 години, ова е политички договор помеѓу Заев и Али Ахмети и кој треба да донесе одреден бенефит помеѓу коалиционите партнери, секако тоа си е во доменот на политичките пазари и политичките преговори како тие ќе одлучат на каков начин ќе ги тераат своите внатрешно-коалициони активности, рече Василевска.

Василевска во врска со темата за попис посочи дека со ова законско решение нема да се дојде до она што е и суштина на пописот.

-Ние како одговорна опозиција но и како македонски граѓани и пред се како претставници и заштитници на македонскиот народ сметаме дека со ова вакво законско решение ни далеку приближно нема да дојдеме до она што е всушност е и суштината нели да се изврши едно попишување по сите оние стандарди за кои претходно сме говореле. Намерно не отидовме во подрачните единици на министерството за правда затоа што во овој хибриден режим очигледно е дека доколку ги добиеме и матичните броеви на сите тие граѓани кои ќе ни дадат поддршка ќе беа таргет на друг тип на малверзации, закани, уцени односно со сите оние средства со кои се користи оваа власт изминативе 4 години. Нашата цел не им е да им се напакости на луѓето туку да им се овозможи еден демократски процес во кој ќе треба власта да ги артикулира потребите на сопственото граѓанство, додаде Василевска.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.