Василевска: Треба да се верува дека Заев ќе спроведе реален попис или повторно ќе ја фалсификува Македонија

На македонскиот народ му е „пукнат филмот“ од владеењето на Зоран Заев, а сега треба да веруваме дека тој ќе спроведе реален попис на населениот или повторно ќе ја „фалсификува“ Македонија, реплицираше пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Иванка Василевска на Калевска-Ванчева пратеничката на СДСМ во вечерното издание на Топ Тема во Телма телевизија.

Василевска посочи дека се поставуваат сериозни прашања кои не можат да се сведат само на техничко-математички операции.

„Не можете да дозволите Македонија да биде фалсификувана, граѓаните мора да добијат реален попис“, истакна опозициската пратеничка.

Апелираше во оваа операција и воопшто во дискусиите околу пописот на населението да не бидат релативизирани прашањата за националност и религиозна определба.

„Ќе инсистираме на формирање Пописна комисија од експерти академици и професори статистичари кои ќе вршат супервизија на пописот“, порача Василевска.

„Треба да бидеме заштитници на македонското достоинство, отиде Македонија со ова СДСМ, гледајте премиерот што ви прави јавно, ВМРО-ДПМНЕ претходно можеби имало грешки, но барем не бевме предавници на сопствениот народ, доживеавме ваква ситуација сега со Бугарија,а сега треба да веруваме дека овој премиер и оваа ваква власт нам ќе ни обезбеди најдобри намери и ќе спроведе реален попис“, посочи Василевска.

На соговорничката ѝ реплицираше дека на ваквото владеење на нејзината СДСМ набрзо ќе му дојде крајот, и притоа Василевска посочи дела ваквиот начин на прктикување на власта мора да биде „ресетирано“.

„Овој начин на дијалог говори дека постои потенцијал, а власта треба да нѐ убеди со прифаќање на амандманите и забелешките за овој закон има добри намери“, рече Василевска инсистурајќи дека на македонскиот народ „му е пукнат филмот“ со добрите намери на СДСМ и Зоран Заев и неговите „секојдневни изјави против државните интереси“.