Василије Мициќ реши да се пресели во НБА лигата

Српскиот кошаркар Василија Мициќ минатото лето одби неколку понуди за преселба во НБА за да остане во Анадолу Ефес, но за претстојното лето има поинаков план – разделба од турскиот гигант и преселба во САД.

Одличниот плејмејкер веќе ги договорил условите за соработка со Оклахома Сити тандер, клуб со кој ќе потпише двогодишен договор по завршувањето на оваа сезона.

Мициќ беше драфтуван од Филаделфија во 2014 година, но тој никогаш не заигра за аовој клуб и реши да остане во Европа.

Оклахома во декември при една размена на играчи со Филаделфија ги доби и правата врз Мициќ, по што челниците на Тандер веднаш стапија во контакт со неговите агенти, почнувајќи преговори за да го доведат Србинот во НБА-лигата.