Вашингтон има информации за смртта на синот на бин Ладен

Соединетите држави имаат информации од разузнавачките агенции кои ја потврдуваат смртта на Хамза бин Ладен, синот на Осама бин Ладен, кој наводно го наследил ликвидираниот татко на чело на терористичката мрежа Ал Каеда, јави во средата американската телевизиска мрежа NBC News.

„Тоа не можам да го коментирам“, двапат повторил американскиот претседател Доналд Трамп на прашањата на новинар на телевизијата кој се повикува на информации од три неименувани извори.

Хамза бин Ладен беше сметан за најобожуваниот сим, па и наследник на Осама бин Ладен, основачот на џихадистичката организација која ги изведе нападите од 11-ти септември 2001 година врз САД.

Името на вој триесетгодишник се наоѓа на црната листа на САД на лица обвинети за терориам, навеле тројцата соговорници на телевизијата. Во извештајот не се прецизира дека изворите изнеле поединости за местот и датумот за неговата смрт, ниту дали САД учествувале во тоа.

Вашингтон во февруари годинава понудија награда од милион долари за секоја информација која би довела до негово апсење. Нему во март му беше одземено саудиското државјанство.

Хамза бин Ладен често го сметаа за „принцот наследник на џихадот“. Некои документи, меѓу кои и писма кои агенцијата AFP ги откри во мај 2015 година, потвруваат дека Осама бин Ладен го сметал за свој наследник на чело на светскиот џихад против Западот.