Вашингтон одобри продажба на системот „Patriot“ на Полска

Соединетите држави во петокот одобрија продавање на противракетните системи „Patriot“ во износ од 10,5 милијарди американски долари.

Договорот се однесува на четири радари и контролни станици, 16 лансирни рампи и 208 ракети од типот „земја-воздух“, како и на дополнителна опрема неопходна за нивното функционирање и одржување, објави во петокот американското министерство за надворешни работи во соопштение.

Американската компанија „Raytheon“, којашто ги произведува ракетните системи „Patriot“., ги претстави поединостите о од својата понуда за Полска кон половината од октомври.

„Сигурна Европа, способна да запре секаква воздушна закана, како и секој друг секој друг облик на агресија, гарантира промовирање на мирот и стабилноста во рамките на НАТО и на европскиот континент“, се истакнува во соопштението на американската дипломатија.

Конгресот има 15 дена да се спротистави на оваа продажба доколку смета дека е на кој и да е начин несоодветна за САД, меѓутоа малку е веројатно дека тоа ќе го стори, имајќи предвид на тесните американски односи со Полска како сојузника во НАТО на самата граница со Русија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.