Вашингтон се надева на самит Трамп-Ким првите денови по Нова година

САД се надеваат дека вториот самит меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот челник Ким Џонг-ун ќе може да се одржи веднаш по Нова година, изјави во четвртокот американскиот државен секретар Мајк Помпео.

„И натаму работиме на обрските на претседателот Ким во врска со денукеларизацијата… Ќе продолжиме да се среќаваме и се надеваме дека претседаетлите Трамп и Ким повторно ќе се сретнат кусо по Нова година за да остварат напредок и да ги отстранат заканите по Соединетите држави“, додаде во раговорот за KNSS Radio, локално радио во сојузната држава Канзас, државниот секретар Мајк Помпео.

Оваа изјава на шефот на американската дипломатија, кој инаку ги остварува контактите со севернокорејската страна, доаѓа во период кога се чини дека раговорите во поглед на преземената денуклеаризација на Северна Кореја запнаа во ќорсокак. На историскиот самит во јуни годинава во Сингапур во изјавата Ким се обвра на целосна денукеларизација на Корејскиот полуостров, но не изнесе поединости и рокови иако беа помпезно преземени некои чекори. Истовремено, американските агенци сметаат дека Пјонгјанг не сторил ништо во поглед на намалувањето на својот нуклеарен и ракетен потенцијал.

Последниот предвиден состанок на Помпео и севернокорејскиот преговарач Ким Јонг Чол, на почетокот од ноември во Њујорк, во последен момент го откажа Пјонгјанг и таква средба уште не е одново договорена, Американскиот пратеник за преговорите со Северна Кореја, Стивен Биеган, кој беше именуван на оваа позиција во август, се’ уште не преговарал со севернокорејските колеги.

Американскиот претседател Доналд Трамп, кој веќе изијави дека сака повторно да се сретне со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун на почетокот од 2019 година, минатата седмица истакна дека нема брзање во преговорите за денуклеаризацијата на Северна Кореја. Меѓутоа, во Пјогнјанг оценија дека новите американски санкци против Северна Кореја поради кршење на човековите права ја излагаат на опасност денуклеаризацијата и предупреди дека нивната обврска од Сингапур зависи од „целосното повлекување на американските нуклеарни закани“.