Вашингтон вели дека Пјонгјанг не сака преговори за нуклеарните тестови

Севернокорејските челници не покажаа никакви знаци дека се подготвени да разговараат за запирање на нуклеарните тестови, објави во саботата американскиот Стејт департмент.

„Водството на Северна Кореја не покажува знаци дека е заинтересирано или подготвено за разговори за денуклеаризација“, соопшти портпаролката на американската дипломатија, Хетер Науерт.

Стејт депарментот има „неколку отворени канали“ кои може да ги користи за комуникација со функционерите на севернокорејскиот режим, се додава во писмената изјава.

Оваа објава доаѓа откако американскиот државен секретар Рекс Тилерсон во саботата откри дека САД се во директен контакт со Северна Кореја поради нејзините нуклеарни проби и тестирањата на балистичките проектили.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.