Ватикан ја претстави паметната бројаница „Кликни и помоли се“ – молитвен уред за младите

Во Ватикан по се изгледа не се задоволни колку младите и посветуваат време на верата и црквата, па одлучиле да им понудат „молитвен уред“ во склад со современите текови.

Тие креирале уред наречен Click To Pray eRosary, којшто претставува електронска бројаница која со апликацијата се поврзува со паметниот телефон. Се активира кога корисникот ќе направи движење во облик на крст.

Самата нараквица е изработена од 10 монисти од црн ахат и хематит, а на неа се наоѓа „паметен“ крст во кој се чуваат податоци. Цената на нараквицата е 109 долари.

Кога се активира корисникот може да избере еден од трите типа на молитва: стандардна, контемплативна или тематска, која секоја година ќе се мениува со годишно ажурирање.