Ватикан даде „зелено светло“ за истерувачите на ѓаволи

Ватикан званично го признал меѓународното здружение на егзорцисти, група од 250 свештеници од 30 земји кои се занимаваат со истерување на духови.

Според пишувањето на католочкиот гласник Осерваторе романо, Ватикан го одобрил статутот на организацијата и ја признал оваа група по црквеното право. Сегашниот римокатолички поглавар, папата Фрањо, многу почесто од своите претходници како ги спушта рацете на глава на човек наводно опседант со демони, чин кои егзорцистите го опишале како молитва за ослободување од сатаната.

Претседателот на здружението, свештеникот франческо Бамонте, ја поздравил одлуката на Ватикан и рекол дека „егзорцизмот е облик на доброчинство кон луѓето кои патат“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.