Ватикан ги отвори костурниците во потрага по исчезнатите тела

ANSA/ VATICAN MEDIA

Експертите по судска медицина во саботата ги извлекоа коските од две костурниците во внатрешноста на ѕидовите на Ватикан во рамките на истрагата за исчезнато девојче во 1983 година, што се претвори во една од најголемите мистерии во современата историја на папската држава, но и дополнителни истраги за телата на две принцези кои се преместени од нивните гробови.

Високи претставници на Ватикан на почетокот од јули отворија два гроба од XIX век на ватиканските гробишта, откако адвокатот на семејството на исчезнатата тогаш 15-годишната Емануела Орланди добил анонимно писмо во коешто се наведува дека девојченцето би можело да биде таму закопано. Емануела Орланди била ќерка на вработен во Ватикан во периодот на понтификатот на Јован Павле Втори и имала ватиканско државјанство. Исчезнала на возраст на 15 години во центарот на Рим во 1983 година.

По безуспешната потрага на Тевтонските гробишта и непронаоѓањето, дури ниту на коските на принцезата Софија фон Хохенлох, почината во 1836 година, и на војвотката Шарлота Фредерига фон Мекленбург-Шверин, коишто таму би требало да бидат закопани, како и на малата Емануела, Ватикан објави дека коските се лоцирани под подот на Папскиот тевтонски завод веднаш до споменатите гробишта.

При извлекувањето на коските, во костурниците бил присутен и член на семејството Орландо. Ватикан соопшти дека не сака да нагаѓа чии коски би можеле да бидат најдени во двете гробници, со куса изјава дека ќе чека на резултатите од анализата за да се утврдат идентитетите.

Случајот Орланди со година беше поврзуван со бројни „налудничави“ теории на заговор, но ниедна од нив нема јасна врска со Тевтонските гробишта. Во минатата за исчезнувањето на Емануела Орланди беа обвинувани разузнавачките служби кои правеле заговор против Папата, потоа италијанските криминални организации или сексуални предатори меѓу свештенството.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.