Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск го повика претседателот на Американската конференција на католички бискупии, архиепископот на Лос Анџелес, Хозе Орасио Гомез, да покаже солидарност и поддршка на учесниците во протестите во САД предизвикани од смртта на Џорџ Флојд, пренесува порталот „Католик Њујорк“.
Надбискупот Гомез се обрати до бискупијата со писмо во кое го пренесува повикот на папата Франциск да „ги изрази своите молитви и блискоста на Црквата со луѓето од Соединетите Држави во ова време на немири“, како и благодарноста на католичкиот водач за „пастирскиот тон на Црквата како одговор на демонстрациите по смрта на Флојд“.
После тоа, во медиумите се појави апелот на католичкиот бискуп од Вашингтон, Вилтон Грегори, во кој, кршејќи ги граѓанските права, тој побара од свештеникот да се приклучи на „протестите против расизмот“ во паркот Лафајет (Вашингтон) и кај Белата куќа на 8 јуни.
Порталот „Чрч Милитант“ посочува дека вистинската цел на „протестот против расизмот“ е обид за „создавање впечаток дека католичкото свештенство сака да го собори Трамп“.
Потсетуваме, дека надбискупот Елпидофор учествуваше на протестите против американските власти во Бруклин на 3 јуни 2020 година, што беше критикувано од верниците на американската надбискупија.
Протести против расизам и полициска бруталност беа започнати кон крајот на мај во Америка поради убиството на Џорџ Флојд. Протестите се раширија во градовите ширум светот, а во многу денови има немири и судири со полицијата. Џорџ Флојд ќе биде погребан денес во Хјустон.