Ватикан и Рим во судир поради законот за хомофобија

Италијанскиот премиер Марио Драги во средата изјави дека Италија е „лаичка држава“ и дека нејзониот парламент е независен одговарајќи на јавните критики од Светата столица на нацрт-законот наводно насочен за сузбивање на хомофобијата, а всушност против критиките за промовирањето на хомосексуалноста и другите неолиберални заложби.

„Ние сме лаичка а не верска држава. Парламентот слободно расправа и носи закони“, изјави во Сенатот, горниот дом на италијанскиот парламенот, премиерот Марио Драги, поранешен претседател на Европската централна банка (ECB), значаен протагонист на бирократскиот естаблишмент во ЕУ.

Во исклучително невообичаената допламатска „вербална нота“ упатена до Италија, Светата столица се спротистави на нацрт-законот за „сузбивање на хомофобијата“.

Во нотата всушност се истакнува дека некои делови од текстот се спротивни на Конкордатот кој е на сила меѓу Италија и Ватика, бидејќи „ја ограничуваат слободата на Католичката црква“ во организирањето и практикувањето на верските обреди, како „целосната слобода“ на говорот и мислењето на кое имаат право и верниците и католичките здруженија.

Според овој нацрт-закон би се казнувала дискриминација и поттикнување на насилство над хосмосексуалците, лезбејките, трансродовите лица, а предлагачот тука ги подметнува и инвалидите.

Документот не ги иззема ниту католичките училишта во Италија од обврската да учествуваат во актовности по повод Денот против хомофобијата во Италија кој се одбечлежува на 17-ти мај.

„Нашиот правен систем ги содржи сите гаранции за законите секогаш да ги почитуваат уставните начела и меѓународните обврски, па така и Конкордатот со Црквата. Лаичноста не е рамнодушност на државата кон верскиот феномен, лаичноста е заштита на плурализмот и културната шареноликост“, тврдеше Драги пред сенаторите.

Текстот за „мерките за превенција и борбата против дискриминацијата и насилството врз основа на полот, родот, сексуалната оринетациа, родовиот идентитет и инвалидноста“, кој го предложи пратеникот на Демократската партија, од левиот центар, Алесандро Зан, мина ланскиот ноември во долниот Претставничкиот дом на парламентот. Во моментов за него се дискутира во Сенатот.

Италија и Светата столица ги нормализираа односите со ЛАтеранскиот договор потпишан во 1929 година, по шеесет годни криза. Тој го опфаќа Конкордатот окој во 1984 година е изменет за да се укине повластениот статус на католичката вера која повеќе не е државна религија во Италија.