Ватикан му кажа НЕ на Тачи

Косовскиот премиер на заминување Хашим Тачи, побара од Тирана во текот на посетата на папата Франциско во Албанија на 21 септември, да биде вклучен во програмата, но Ватикан ја одби таквата можност, пренесуваат медиумите во Приштина.

Како што пренесува приштинскиот весник „Експрес“, Тачи синоќа посакал да учевствува во официјалната средба со папата во Тирана, но Ватикан категорички ја одбил таа можност.