Ватикан одговара пред ОН поради обвинувањата за злоставување на деца

75

Претставниците на Ватикан денеска одговараа на прашањата околу обвинувањата за сексуално злоставување на деца во црквата, на сослушување кој го организира Комитетот на ОН за правата на децата во Женева. Ватикан треба да одговори на прашањето кои мерки се преземени во борбата против педофилијата по низата скандали кои се обиде да ги прикрие или минимизира.

Надбискупот Силвано Томази на сослушувањето изјави дека таквите злосторства „никогаш не може да бидат оправдани“ било каде да бидат предизвикани.Томази, пред Комитетот на ОН изјави дека Ватикан ги поздравува сите предлози кои би придонеле да се поттикнат и унапредат правата на дететето.

Тој говореше на почетокот на сослушувањето во кое Ватикан е обвинет дека овозможил силување на илјада деца со тоа што ги штител свештениците педофили и својата репутација на жртви.

Ова е првпат Ватикан во јавноста да се брани од обвиненијата за сексуално злоставување.

„Какви промени се воведени во правилата за однесување за да се спречи сексуално злоставување? Какви се санкциите за оние кои се однесуваат недостојно?,“ праша Сара Овиједо,членка на Комитетот.

Претставникот од Ватикан истакна дека одговор од Светата столица на „тажната појава на сексуално злоставување на малолетници“ имало на повеќе нивоа. Тој изјави дека Ватикан ратификувал Конвенција за правата на детето 1990 година и нејзини протоколи, вклучувајќи го и оној против детска порнографија 2000.

Томаси изјави дека Ватикан формулирал упатство за локалните цркви, но и самите цркви издале препораки да се избегне можноста за злоставување и како пример ја неведе Повелбата за заштита на децата и младите која ја усвои Американската католичка црква во 2005 година.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.