Ватикан ја отвори архивата за најконтроверзниот папа во историјата

Ватикан денеска ќе ја отпечати архивата за најконтроверзниот папа во историјата, Пие XII, и можеби ќе разјасни зошто „воениот“ поглавар на Римокатоличката црква останал нем во текот на холокаустот. Како што објави во понеделникот агенцијата ANSA, распоредот за посетите на архивите во кои се чуваат документите од кои е симната ознаката за тајност, веќе е направен до пред крајот на јуни.

Двесте истражувачи однапред побараат пристап до планината од документи, кoишто ќе станат достапни за јавноста по инвентурата за којашто на архиварите во Светата столица им беа потребни 14 години.

Меѓу нив ќе биде ценетиот германски историчар Хуберт Волф и неговите шест асистенци, кои веќе обезбедија двегодишно финансирање за проучување на документите на папата Пие Даванаесетти. Волф, кој е инаку специјализиран за односите на папата Пие XII и нацистуте, одвај чека да ги земе в раце документите од 70 папски нинции, „очите и ушите“ на Пие во тој период.

Меѓу другите, во документите би требало да бидат и записите за апелите на еврејските организации да им се помогне и комуникацијата на Пие со американскиот претседател Френклин Рузвелт. Во архивата се и повоените документи за односот кон свештениците за кои имало сомневања дека имаат симпатии кон комунистите.

Ватикан пред децении објави документи кои се однесуваат на периодот на холокаустот, кои се компилирани од припадниците на језуитскиот ред, но некои клучни делови не биле меѓу нив, вклучително и писмата на папата и одговорите за нацистичките ѕверства.

„Језуитите објавија документи за концетрационите логори кои папата го добил, но не видовме негови одговори. Или не постојат или не се во Ватикан“, вели Волф за AFP.

Еугенио Пачели (1876-1958), идниот папа Папа XII, бил нинциј во Германија од 1917 до 1929 година. Таму бил сведок на подемот на нацистите на власт, а потоа е вратен во Рим бидејќи неговиот претходник Пие XI го именувал за свој државен секретар. Пачели и избран за папа на 2-ри март 1939 година, и неговиот понтификат траел до 1958 година.

Од досега објавените документи видливо е дека го известиле за судбината на европските Евреи.

„За тоа нема дилема, Пие XII знаел за убивањето на Евреите. Нас нѐ интересира кога првпат дознал за тоа и дали поверувал во таа информација“, додава историчарот Волф.

 

Тајната божикна порака

Папата Пие XII на Бадник 1942 година ја изговорил Божикната порака за којашто историчарите и денес дискутираат, Во долкиот текс се наоѓа и референцата на „сотици илјади луѓе коишто, без никаква сопствена вина и често само поради нациојналноста или расата, се осудени на смрт“.

Вали пораката изговорена на италијански и емитувана само еднаш, во коај ескплицитено не се споменуваат Евреите и нацистите, ја слушнале и разнрале германските католици?

„Ја слушнале само нацисите. Пие XII по војната му рекол на британскиот амбасадор ‘Вев многу јасен’. А овој му одговорил: ‘Јас не ве разбрав’’, вели Волф објаснувајќи дека радио брановите тогаш биле попречувани и дека папата, доколку навистина сакал да го слушнат германските верници, требало да зборува на германски јазик.

Поддржувачите на постпката на Пие XII велат дека тој бил поранешен дипломат, обучен да биде претпазлив и загрижен дали во спротивно би можел да ги заштити католиците од прогонот. Тврдат дека едноставно не можел да биде директен.

Историчарите сметаат дека Католичката црква сокрила околу 4.000 Евреи во своите институци во Рим во текот на Втората светска војна.

„Вистина, имало Евреи кои се спасиле во манастирите. Но зошто на други места ги убивале луѓето кои се сметале себеси за христијани?“, вели американскиот историчар Дејвид Керцер, добитник на Пулицеровата награда.

За Катцер нема дилеми дека „молкот на папата“ е клучна за тоа. „Не бил среќен поради масовните убиства. Се чинело дека е вознемиран. Но, сепак, никогаш не го изговорил зборот ‘Евреин’’, истакнува Катцер.

Волф додава дека Пие Дванаесетти по војната останал повлечен и нокогаш не рекол ниту збор за холокаустот. Исто така, не го признал ниту создавањето на Државата Израел во 1948 година. Зошто?, прашува Волф.

 

Смел дипломат или нацистички сојузник

Одлуката за отворање на архивите кои би можеле да откријат нови поединости за годините на Втората светска војна и улогата на Ватикан и понтификот во односите со нацистичка Германија, точно пред една година го објави сегашниот папа Франциск.

Државниот секретар на Светата столица, монсињор Ричард Галахер, е убеден дека архивските документи „ќе ја покажат целата големина на Пие XII како бранител на хуманоста.

„Пачели беше смел дипломат, и кога стана папа тој покажа неверојатна дарежливост и милосредие, што честопати не наидувало на разбирање меѓу ватиканските ѕидини“, вели Галахер во интервјуто за ватиканскиот портал Vatican News.

Според него, од документите произлегува дека тогашниот поглавар на Римокатоличката црква правел сѐ што е возможно за да ги заштите прогонетите од „омразата на нацистите, која ги опфатила и црквата и самиот папа“.

Личноста на Пие XII, за кого процесот на беатификација (прогласување за блажен) го започна папата Павле Шести, е една од најконтроверзните во историјата на современото папство. Тој е обвинет дури и за помагање на истребувањето на Евреите од страна на нацистите, бидејќи како папа јавно не го осудил холокаустот, одржувајќи јасна политичка неутралност. Ватикан, пак, тврди дека благодарение на тенката дипломатска линија во однос на нацистичка Германија и нејзината сојузничка италијанската фашистичка влада на Бенито Мусолини, Пие XII успеал да спаси илјадници Евреи, круејќи ги дури и во Ватикан.

Еврејските заедници и организации одамна бараат отворање на ватиканските архви од периодот на воените години. И покрај фактот што многу истакнати претставници на еврејската заедница во светот признаваат дека Католичката црква сторила многи за спасување на Евреите, и по војната му изразувале лична благодарноста на Пие XII, во 1960-те години се појави во светот негативен однос кон неговот папство, а започнаа да го оценуваат како „сојузник на нацистите“ поради зачувувањето на неутралнсота и одбивањето јавно да ги изговара имињата на виновниците за воените злосторства.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.