Отецот Франк Ентони Павоне, лидер на американското движење против абортусот и силен поборник на поранешниот претседател Доналд Трамп, е расчинет од редовите на римокатоличкото свештенство поради „бласфемични објави на социјалните мрежи“ и непослушност кон бискупите.
Ватикан го расчинил отецот Павоне уште во ноември, според писмото коешто ватиканскиот амбасадор во Ватикан им ги испратил на американските бискупи. Во писмото е наведено дека свештеникот нема право да се жали на одлуката.
Отецот Павоне е расчинет поради „богохулната комуникација на социјалните мрежи и истрајната непослушност кон законските упатства на дијацезанскиот бискуп“, пишува во писмото коешто го цитира Reuters.
Во текот на кампањата за претседателските избори во 2016 година во САД, Павоне објави видео од абортиран фетус на олтар и ги повика католиците да не гласаат за кандидатката на Демократската партија, Хилари Клинтон, чие семејство е често поврзувано за врски со личности гонети за малолетничка проституција и злоставувања на жените. На тие избори, Клинтон изненадувачки беше поразена до Трамп.
Кога Трамп по големата медиумска и кампања против него преку социјалните мрежи, отецот Павоне кој го повикуваше и републиканецот и Ватикан да го спасат христијанството од уништување, беше меѓу мноштвото кое го доведуваше во прашања легитимноста на победата на демократот Џо Бајден.
Во видеото во траење од час и 40 минути кој го објави Павоне денеска, сѐ уште носејќи ги свештеничките белези, рече дека со „децении е прогонуван во самата Црква“, а своите критичари ги исмеваше како „најглупавите на светот“.
Во една објава на Twitter во 2020 година, Павоне зборуваше за „приврзаниците на проклетиот губитник Џо Бајден и неговата морално корумпирана Демократска партија којашто ги мрази Америка и Господ“.
Вели и дека од Ватикан не добил никаква службена потврда за неговото исклучување, и ја критикува Светата столица дека „попрво им се обратила на медиумите, отколку на свештеникот“. „Никогаш нема да го напуштам свештенството“, додава Павоне.
My response, answering your questions and praying for prolife leaders and activists. https://t.co/W8CPG1E9NM
— Fr. Frank Pavone (@frfrankpavone) December 18, 2022