Вавринка го чека Федерер или Надал во финалето на Австралија опен

Швајцарецот Станислас Вавринка е првиот финалист на првиот грен слем турнир годинава Автсралија Опен откако во полуфиналето го победи Томаш Бердих од Чешка.

Тој по три и полчасовна битка славеше со 6:3, 6:7, 7:6 и 7:6 со што се избори за своето прво финале на еден од четирите најголеми турнири во светот.

Противник на Вавринка во мечот за титулата на турнирот во Мелбурн ќе му биде подобриот од второто полуфинале во кое ќе играат Рожер Федерер (Швајцарија) и Рафаел Надал (Шпанија).

Овој меч е закажан за утре во 9 часот и 30 минути по средноевропско време.

Во женското финале силите ќе ги одмерат Кинеската Ли На и Словачката Дминика Цибулкова