Важна гостинска победа за Марсеј

Во дербито на 26-то коло на француското фудбалско првенство, Олимпик Марсеј го победи Рен на „Роажон парк“ со 1:0 и го обезбеди второто место во поредокот.

Три бода за избраниците на Игор Тудор донесе Сеад Колошинац со гол во 57 минута. Домашните подобро го започнаа натпреварот и во 15 минута Рен можеше да поведе. Амине Гуири имаше одличен удар, но ја погоди стативата. Во 31 минута добра шанса имаше и Шарл Токо Екамби, но шутираше далеку од голот. Во последните моменти од првото полувреме Бенжамин Бурижо се обиде да го изненади Пау Лопез со удар од далечина, но не успеа.

Марсеј немаше ниту една шанса во првите 45 минути, но гостите поведоа во 57 минута кога изведоа брз слободен удар. Ронгје ги исфрли во фор Ундер, кој на втората статива ја нафрли топката на Сеад Колошинац кој лесно погоди за 1:0. Во 64 минута Алексис Санчез се најде во изгледна ситуација за 2?0, но неговиот удар лесно го одбрани Мандандо.

Во 76 минута домашните беа блиску до израмнување, Артур Теат шутираше со глава по центаршут, но биеше само покрај стативата. Во финишот Рен го зголеми притисокот, во 85 минута во игра влезе Мајер, а во 89 минута имаше добра шанса, но шутираше далеку.

Во претходниот натпревар Монако одигра 2:2 на гостувањето кај Троа испуштајќи важни бодови во борбата за плсман во Лигата на шампионите следната сезина.

Троа поведе во 31 минута со голот на Роминиге Куаме, но гостите во самата завршница успеаја да го свртат резултатот преку двојниот стрелец на Висам Бен Једер во 80 и 83 минута. Сепак, во првата минута од судиското надополнување, Ајк Угбо погоди за 2:2.

Лион и Лориен одиграа без голови, а Монпелје го декласираше Анже со 5:0.

Домашните веќе обезбедија победа во првото полувреме постигнувајќи три гола, а потоа постигнаа уште два гола за убедливо славје. За победничкиот тим погодија Ваби Казри (2), Теџи Савание (25 од пенал, 51), Фаиту Мауаса (45+3) и Ели Вахи (73).

Преостанатите три натпревари завршија 1:0. Брест го победи Стразбур на гости, Ремс победи против Ајачио, а Клермон на гостувањето против Тулуз.

На табелата води ПСЖ со 63 бодови, Марсеј е втор со 55 бодови, додека трет е Монако со 51 бод, кој исто така е Ленс на четвртата позиција.