Џенова, за која повторно забележителен настап имаше македонскиот репрезентативен капитен Горан Пандев, оствари важна победа од 2:0 над Специја во 33-то коло од италијанското фудбалско првенство.
Пандев, кој е првиот македонски фудбалер кој постигнал 100 погодоци во некоја од петте најсилни лиги во Европа, во 28 минтуа се најде на вистинското местои ја смести топката во мрежата на Специја, но главниот арбитар Џанлука Манганјело по преглед на ВАР-от го поништат поради претходен прекршок на Дестро над гостинскиот голман Проведел.
Во вториот дел Џенова поведе во 62 минута со погодокот на Џанлука Скамака по големата грешка на Проведела, кој млакиот удар на Запакоста го одби директно во нозете на Скамака кој од пет метри ја погоди празната мрежа. Конечните 2:0 ги постави Елдор Шомуродов во 86 минута со одличен удар од повеќе од 20 метри.
Џенова сега е 13-та на табелата со 36 бодови, во моментов осум бодови повеќе од зоната на испаѓање. Специја, пак, е 15-та со 33 бодови.
Во пресметката на двете последни екипи во Серија А, последниот Кротоне со 4:3 ја победи претпоследната Парма на нејзиниот терен која постојано беше во резултатско заостанување.
Стрелци за Кротоне беа Лисандре Магањан во 14, Симеон Точукву Нвакво во 49 и во 69 минута од пенал, и Адма Унас во првата минута од судиското продолжение на првото поливреме. За Парма стрелци беа Ернани Азаведо Жуниор во 29, Жервињо во 49 и Валентин Махаила во 54 минута.
Парма е 19-та со 20 бодови, два повеќе од последниот 20-ти Кротоне, и двата тима се речиси и без теоретски шанси да го сочуваат прволигашкиот статус.
Во последниот саботен натпревар Сасуоло со погодокот на капитенот Доменико Берарди во 69 минута кој одлично се снајде во гостинскиот петерец, на домашен терен ја победи Сампдорија.
Сасуоло ја оствари четвртата последователна победа во Серија А и сега со 52 бода е осми на табелата зголемувајќи ја разликата на десет бодови од моментално деветтата Сампдорија.
Во недела на програмата се дуелите: Беневенто – Удинезе, Фиорентина – Јувентус, Интер – Верона, Калјари – Рона и Аталанта – Болоња. Колото во понеделникот колото го заокружуваат мечот Торино – Наполи и дербито на колото Лацио – Милан.