Важна победа на Македонија над Италија, но против Естонија, ќе настапи без Димитриевиќ

24

Македонската кошаркарска селекција извојуваа во неделата голема победа против Италија во Перм со со 87:78 и ги сочуваа своите шанси за пласман на Европското првенство во 2022 година, но за клучниот натпревар против Естонија ќе настапиме без најдобриот играч на денешниот дуел Ненад Димитријевиќ .

Селекторот Александар Тодоров по натпреварот изјави дека е среќен за победата, но за жал затоа дека Ненад Димитријевиќ нема да може да игра на последниот натпревар со Естонија.

„Ова е многу поважна победа за нас. Ни дава шанса да веруваме и да сонуваме барем до утре. Останавме во игра за последното место на ЕП. Започнавме добро, но Италија имаше одличен шут за три поени, а тоа резултираше со предност за нив на полувреме. Знаевме дека кога ќе престанат да погодуваат, ќе се вратиме во натпреварот. Ги лимитиравме на одреден број поени, па така дојдовме во добра позиција. Одличен резултат за нас, особено за тим кој е во реконструкција и подмладување. Мораме да ја победиме и Естонија, инаку никој нема да ја памети победата. Голем проблем за нас е дека нема да игра Димитријевиќ утре, па тоа е дополнителен проблем. За утре нема да има премногу промени, мора ги лимитираме грешките и да го кренеме нивото на агресивност во одбрана против Естонија. Покажавме карактер со Италија, но утре пак мора да докажеме дека победата не е случајна. Без оглед на тоа што ќе направиме утре против Естонија, јас сум горд на оваа група играчи. “, изјави по мечот македонскиот селектор.

Димитриевиќ не го заврши мечот со „аѕурите“ затоа што во самиот финиш доби удар во коленото и беше приморан да се пресели на клупата поради повреда. Првичните информации кои доаѓаат од Перм велат дека за кошаркарот на шпански Хувентуд, квалификацискиот турнир е завршен.

Тоа секако ќе биде голем удар за нашите амбиции, затоа што доколку вечерва Естонија загуби од домаќините, селекторот Тодоров нема да може да смета на својот најдобар кошаркар за мечот со Естонците.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.